Dzihat Aliju
31 Мај 2018•Ажурирај: 01 Јуни 2018
СКОПЈЕ (АА) - Народниот правобранител на Турција, Шереф Малкоч, кој се наоѓа во посета на Македонија, денес одржа посебни средби со претседателот на Врховниот суд на Македонија, Јово Вангеловски, и со претседателот на Уставниот суд на Македонија, Никола Ивановски, јавува Anadolu Agency (AA).
Малкоч, во изјава за АА, истакна дека за време на средбите имале можност да зборуваат за правната борба на Турција, како и за борбата против терористичките организации ПКК, ДЕАШ и ФЕТО, и за тоа дека упатил предупредување дека треба да бидат внимателни во врска со ФЕТО.
Малкоч рече дека постојат блиски односи помеѓу двата народи и административни институции, и дека овие врски ги зајакнуваат меѓудржавните односи, како и братството и пријателството.

„Ако Турција е моќна, тоа истовремено претставува гаранција за спокојството и стабилноста на Балканот. Нашите пријатели во Македонија се свесни за тоа. Обрнуваат особено внимание на односите со Турција. Многу сме задоволни од она што забележавме дека претседателите на Врховниот суд и на Уставниот суд се исклучително информирани за терористичката организација ФЕТО“, додаде Малкоч.
Малкоч вчера учествуваше на 10. состанок на Асоцијацијата на народните правобранители на Медитеранот (AOM), а одржа и средби со претседателот на Собранието на Македонија, Талат Џафери, и со претседателот на Меѓупарламентарната пријателска група Македонија - Турција, пратеникот Енес Ибрахим.