Admir Fazlagic
22 Јуни 2018•Ажурирај: 23 Јуни 2018
СКОПЈЕ (АА) - Полициските службеници пронашле 9 лица-мигранти на автопатот Штип - Скопје, пренесува Anadolu Agency (AA).
Министерството за внатрешни работи на Република Македонија соопшти дека на 22.6.2018 година, петок, во раните утрински часови, на автопатот Штип - Скопје, кај местото викано „Канда“, полициски службеници од Полициската станица - Свети Николе, дале знак за запирање на патничко возило „Алфа Ромео“ без регистарски ознаки.
„Возачот не застанал, го свртел возилото и се упатил во правец кон Штип. Во близина на Филтер-станицата возачот го запрел возилото и побегнал. Од извршениот преглед во возилото биле пронајдени 9 лица-мигранти, од кои 6 од Бангладеш и 3 од Пакистан“, се вели во соопштението.
Од МВР информираат дека се преземаат мерки за расчистување на случајот.