МВР: Од јуни до сега изадени над 200 илјади потврди
Во периодот од 19.06.2015 до 02.11.2015 година до 24:00 часот, издадени се потврди на вкупно 207.905странски државјани????? ????????
03 Ноември 2015•Ажурирај: 05 Ноември 2015
СКОПЈЕ
Во периодот од 19.06.2015 до 02.11.2015 година до 24:00 часот, издадени се потврди на вкупно 207.905странски државјани, од кои, 126.366 се од машки пол, 30.442 се од женски, 41.214 се деца кои го придружуваат носителот на потврдата, како и уште 9.883деца кои патуваат без родител, на кои им е издадена потврда за искажана намера за поднесување на барање за признавање на право на азил, соопшти МВР, јавува Anadolu Agency.
Според државјанството на лицата на кои им се издадени потврди, најбројни се државјаните на Сирија-134.363, потоа Авганистан-42.348, Ирак-16.022, Пакистан-4.390, Иран-3.691, Палестина-1.750, Сомалија-1.060, Бангладеш-947, Конго-499, Нигерија-262, Камерун-225, Еритреја-213,додека останатите се во помал број.
Во периодот од 00,00 до 24,00 часот на 02.11.2015 до Одделението за азил не се поднесени барања за признавање на право на азил врз основа на претходно издадена потврда за искажана намера за поднесување на барање за признавање на право на азил .