Stipe Majic
26 Април 2022•Ажурирај: 27 Април 2022
ЗАГРЕБ (АА) - Претседателот на Хрватска, Зоран Милановиќ, денеска одговарајќи на новинарско прашање изјави каква позиција ќе заземе ако Финска и Шведска во мај ги предадат барањата за членство во НАТО-сојузот, дека ќе настојува да ги застапува интересите на Хрватска и дека Хрватскиот сабор би требало да го условува членството на Финска во НАТО со исполнување на хрватските услови за измена на Изборниот закон во Босна и Херцеговина (БиХ), јавува Агенција Анадолија (АА).
„Тоа (предавање на барањето на Финска и Шведска за членство во НАТО) го сметам за многу опасна авантура“, изјави Милановиќ, додавајќи дека ако Финска и Шведска треба да влезат во НАТО, „можеме да разговараме за тоа“.
Напоменувајќи дека формално не одлучува за тоа сам, рече дека смета дека „додека Американците, Англичаните па и Германците“ не извршат притисок на власта во Сараево веднаш да се смени Изборниот закон на БиХ „и не ги дадат основните права на Хрватите, Хрватскиот сабор не смее да ратифицира ничиј пристап во НАТО. Без ратификација на пристапниот договор на Хрватскиот сабор нема нови членки во НАТО“.
Милановиќ додаде дека му е жал вакво прашање да преминува преку Финска, оценувајќи ја за држава со угледна демократија. Порача дека би сакал Финска да ја поддржи Хрватска „бидејќи прашањето на уредувањето на соседната БиХ е важно безбедносно прашање“.
Tој додаде дека за Хрватска е еднакво важно дали хрватските претставници во БиХ ќе ги 'бираат Хрвати или Бошњаци', еднакво како што на Финска ѝ е важен пристапот во НАТО.
Милановиќ оцени дека за прашањето за положбата на Хрватите во БиХ сега ќе слушне и американскиот претседател или државниот секретар и дека очекува нешто да направат за Хрватска.
Односите кон барањата на хрватската официјална политика за измени на Изборниот закон во БиХ го нарече „игнорирање на потребите на сојузниците и членките на НАТО и ЕУ“, и „истуркување на Хрватска од сите процеси како агресор“.
„Некои различни кујни, проекти за граѓанска Босна и Херцеговина, се можни кога Босна ќе влезе во Европската Унија“, додаде Милановиќ.