Ekip
27 Април 2022•Ажурирај: 28 Април 2022
АТИНА (АА) - Земјотрес со јачина од 5,2 степени почувствуван на грчкиот остров Китира, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Информацијата преку соопштение ја потврди Геодинамичкиот институт на Националната опсерваторија на Атина.
Се истакнува дека епицентарот на земјотресот бил на отворени води, на далечина од 41 километар од северозападното копно на островот.
Според соопштеното, земјотресот со јачина од 5,2 степени се случил на длабочина од 60 километри.
Досега не е пријавено за материјална штета или повредени.