Aida Cako
20 Јануари 2023•Ажурирај: 20 Јануари 2023
СКОПЈЕ (АА) - Министерката за надворешни работи на Босна и Херцеговина, Бисера Турковиќ, која престојува во официјална посета на Република Северна Македониј, на покана на Бошњачкиот демократски сојуз (БДС) се состана со претставниците на оваа политичка партија во Скопје, јавува Агенција Анадолија (АА).
Турковиќ се состана со делегацијата на Бошњачкиот демократски сојуз предводена од претседателот Мунир Колашинац и претседателот на Бошњачкиот национален совет (БНС) во Северна Македонија, Џевад Хот.
Во текот на средбата, министерката Турковиќ беше запознаена со состојбата на Бошњаците во Северна Македонија, нивната политичка организираност и активностите кои овие политички и граѓански организации ги спроведуваат со цел подобрување на статусот и положбата на Бошњаците во земјата.
Разговарано е и за можностите за институционална соработка со Босна и Херцеговина.
Во рамките на посетата на Северна Македонија, претходно Турковиќ оствари средба со министерот за надворешни работи Бујар Османи, со кој одржа и заедничка прес-конференција, а потоа се состана и со претседателот на Собранието, Талат Џафери, како и со претседателот на државата, Стево Пендаровски.