Alma Dekovic
21 Јануари 2023•Ажурирај: 22 Јануари 2023
САРАЕВО (АА) - По неколкудневните обилни врнежи од дожд во низините и температури над просекот за овој период од годината, вчера во главниот град на Босна и Херцеговина пристигна и првиот снег оваа сезона, што продолжи да паѓа и денес, јавува Агенција Анадолија (АА).
Падот на температурите во текот на изминатата ноќ создаде услови за формирање на снежна покривка во Сараево, но и во поголем дел од Босна и Херцеговина.
Според податоците на Федералниот хидрометеоролошки завод, утрово на станицата Бјелаве се измерени четири сантиметри снег, но во одредени делови од градот е видлива поголема снежна покривка.
Утрово во градот се забележани минус два Целзиусови степени, а највисоката дневна температура на воздухот ќе биде околу нула степени.