Oktaj Omeragikj
23 Октомври 2024•Ажурирај: 24 Октомври 2024
СКОПЈЕ (АА) - Министер за надворешни работи и надворешна трговија на Северна Македонија, Тимчо Муцунски, најостро го осуди терористички напад во Туркије, известува Анадолу
Во објавата на својот профил на социјалната мрежа Х, министерот Муцунски го осуди терористичкиот напад врз објектот на Воздухопловна и вселенска индустрија на Туркије (ТУСАШ) во Кахраманказан, во турската област Анкара.
„Моите мисли и молитви се со турскиот народ, по шокантниот терористички напад во Анкара.
Најоштро го осудувам овој чин на терор. Во овие тешки времиња, обединети сме со граѓаните на Туркије и ја потврдуваме нашата посветеност на мирот и безбедноста“, објави Муцунски на платформата Х.