Admir Fazlagic
27 Октомври 2020•Ажурирај: 27 Октомври 2020
СКОПЈЕ
Министерот за внатрешни работи на Република Северна Македонија, Оливер Спасовски, соопшти дека е позитивен на коронавирус (Ковид-19), пренесува Агенција Анадолија (АА).
„Почитувани, би сакал да ве информирам дека и покрај строгото почитување на мерките коишто ги превземам за моја лична и заштита на луѓето околу мене од почетокот на пандемијата, вечерва добив позитивен резултат за Ковид 19. Клиничката слика ми е добра, со благи симптоми и веќе сум во домашна самоизолација. Чувајте се", напиша министерот Спасовски синоќа на неговиот официјален профил на социјалните мрежи.
Во Република Северна Македонија во последните 24 часа регистрирани се 247 нов случај на коронавирусот (Ковид-19), со што вкупната бројка на регистрирани случаи со овој вирус во земјата се искачи на 27.199. Починати 15 лица, со што вкупната бројка на починати од овој вирус во земјата се искачи на 934.
Во моментов бројот на активни случаи во земјата е 7.317.