Saadet Firdevs Aparı
13 Јуни 2022•Ажурирај: 14 Јуни 2022
АНКАРА (АА) - Министерката за надворешни работи на Бугарија, Теодора Генчовска и министерот за енергетика Александар Николов, поднесоа оставка од своите функции, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Според веста на Новинската агенција на Бугарија (БТА), Генчовска ја поднесе оставката до бугарскиот премиер Кирил Петков.
Оставка до бугарскиот премиер Кирил Петков поднесе и Министерот за енергетика на Бугарија, Александар Николов.
Во соопштението од Кабинетот на премиерот на Бугарија се наведува дека оставките на Генчовска и на Николов се поврзани со повлекувањето на партијата „Има таков народ“ (ИТН) од владината коалиција.
Генчовска и Николов ќе останат на своите функции сè додека не се избират нови министри на нивните места.
Инаку, партијата ИТН на 8 јуни соопшти дека се повлекува од владината коалиција.