Furkan Abdula,Fatjon Cuka,Sibel Vezaj
01 Септември 2017•Ажурирај: 02 Септември 2017
СКОПЈЕ/ТИРАНА/ПРИШТИНА (АА) – Верниците муслимани денеска го слават празникот Курбан Бајрам, чие одбележување започна со утринска молитва и предавање во џамиите. Верниците од исламската вероисповед, по повод Курбан Бајрам, изутрина ги поплнија џамиите низ земјата, додека централната манифестација се одржа во Мустафа Пашината џамија во Скопј во присуство на голем број верници, јавува Anadolu Agency (AA).
Голем број верници беа присутни во џамијата, кадешто се одржа централната молитвена церемонија на Курбан Бајрам, која ја предводеше поглаварот на Исламската верска заедница на Република Македонија, Сулејман ефенди Реџепи, а присутен беше и претседателот на Владата на Македонија Зоран Заев, претседателот на Собранието на Република Македонија Талат Џафери, како и други високи државни функционери.
Пораката по повод празникот Курбан Бајрам ја прочита Ријад Калиси, ученик во средното верско училиште, медресата „Иса Бег" Скопје.
„По клањањето на намазот, ќе колеме курбани. Ќе го поделиме нивното месо на сиромашните со цел во овој празничен ден и тие да имаат побогата трпеза. Подадете си рака и прегрнете се со сите членови на семејството, со вашите луѓе, со пријателите и соседите. Посакувајќи им здравје на нашите браќа и сестри што се наоѓаат на аџилак и молејќи го Севишниот да ги прими сите нивни молитви и ибадети извршени во светите места, ви пожелувам на сите среќен Курбан Бајрам“, се вели во пораката прочитана во име на поглаварот на Исламската верска заедница на Македонија.
На присутните им се обрати и претседателот на Владата на Република Македонија Зоран Заев, кој во своето обраќање до присутните во џамијата истакна дека Курбан Бајрам е празник на солидарноста и внзаемното помагање, што како негови карактеристики го прават овој празник да биде голем и достоен за почит.
„Курбан Бајрам е празник на семејството, на солидарноста, на меѓусебното помаѓање. На овој голем празник јас сум денеска овде со Вас. Сите сплотени ќе продолжиме да си ја градиме нашата Македонија како земја на еднакво општество на сите“, рече Заев во своето обраќање.
Исто така, големиот муслимански празник Курбан Бајрам се одбележува и во другите градови во регионот.
Голем број муслимански верници утрово се собраам како и во џамијата Кубели во градот Каваја, како и во главниот град на Албанија, Тирана, на Булеварот на народните херои каде се одржа централната манифестација по повод празикот Курбан Бајрам.
Во џамијата Синан Паша која се наоѓа во косовскиот град, Призрен, беа присутни голем број верници по повод празникот Курбан Бајрам. По утринската молитва, се клањаше и бајрамската молитва.
Меѓудругото, централната манифестација во Косово се одржа во џамијата Фатих Султан Мехмет во Приштина, каде беше присутен и главниот имам на Исламската верска заедница на Косово, Сабри Бајгора, кој пред присутните се осврна на важноста на аџилакот и курбанот.
Карактеристично за празникот Курбан Бајрам е принесувањето жртва – курбан, која има симболика на приближување кон Бога. Обичајот го изведуваат сите што имаат можност за тоа. Оние што принеле жртва, потоа раздаваат од месото на сиромашните, соседите и на роднините. На овој ден се крунисува аџилакот на аџиите кои отишле да ја извршат петтата верска обврска (должност) на секој муслиман – аџилакот.