Fatjon Cuka,Abdula Berisha,Agim Sulaj
02 Мај 2022•Ажурирај: 03 Мај 2022
СКОПЈЕ (АА) - Централниот настан по повод празникот Рамазан Бајрам во Северна Македонија беше организиран во џамијата „Мустафа Паша“ во главниот град Скопје, под покровителство на Исламската верска заедница (ИВЗ), јавува Агенција Анадолија (АА).
Историската џамија „Мустафа Паша“ беше полна со граѓани кои дојдоа да ја извршат бајрамската молитва (Бајрам намаз), вклучително и во дворот на оваа џамија.
На програмата по повод овој празник се изведуваа илахии на албански, турски и на босански јазик.
Бајрамската молитва ја водеше скопскиот муфтија Кенан Исмаили, додека обраќањето на имамот за време на одбележувањето на Бајрам ја читаше претседателот на ИВЗ, Шаќир Фетаху, на албански, македонски и на турски јазик.
По бајрамската молитва, Фетаху во изјава за медиумите им го честита празникот на сите верници.
- Албанија -
Муслиманските верници во Албанија молитвата по повод Рамазан Бајрам ја извршија на плоштадите, но и во џамиите низ земјата.
Централната програма на бајрамската молитва се одржа на плоштадот „Скендербег“ во Тирана.
- Косово -
Овој Рамазан Бајрам, муслиманските верници во Косово бајрамската молитва ја обавија во џамиите.
Голем број верници беа дел од бајрамската молитва во Големата џамија „Султан Мехмет Фати“ во Приштина.
Обраќањето на имамот за време на одбележувањето на Бајрам ја читаше претседателот на Исламската верска заедница на Косово, Наим Тернава.