На Универзитетот во Тетово се одржа конференција на тема „Во потрага по нов глобален систем“
На конференцијата присуствуваше и претседателот на Големото народно собрание на Туркије (ТБММ), Нуман Куртулмуш
ТЕТОВO (АА) - На Универзитетот во Тетово (УТ) беше организирана конференција „Во потрага по нов глобален систем“, на која присуствуваше и претседателот на Големото народно собрание на Туркије (ТБММ), Нуман Куртулмуш, јавува Анадолу.
На конференцијата, освен Куртулмуш, присуствуваа и ректорот на УТ, проф. д-р Јусуф Зејнели, амбасадорот на Туркије во Скопје, Фатих Улусој, политичари, академици, претставници на локални и турски институции во земјава, студенти и други гости.
Ректорот на УТ, Зејнели, рече дека Северна Македонија и Туркије имаат добрососедски односи и дека како две земји членки на НАТО споделуваат јасна визија за стабилност, спокојство и мир.
Тој истакна дека УТ има многу плодна соработка со многу универзитети во Европската Унија (ЕУ) и во САД. „Се чувствуваме среќни што негуваме многу реална и плодна, практична соработка со голем број универзитети од Република Туркије. И секако веруваме дека оваа соработка со универзитетите во Туркије ќе продолжи да расте благодарение на присуството и на претседателот на Парламентот на Република Туркије“, додаде Зејнели.
Потенцирајќи дека УТ ја одбележа 30-годишнината од основањето, Зејнели рече дека тие се релативно нова институција, но со долгогодишно искуство.
Потоа турскиот спикер Куртулмуш одржа говор пред присутните.
Претседателот на Големото народно собрание на Туркије (ТБММ), Нуман Куртулмуш, во Северна Македонија пристигна во саботата заедно со делегација што ја сочинуваат заменик-претседателот на групата на АК Партија, Бахадир Јенишехирлиоглу, претседателот на Интерпарламентарната група за пријателство Туркије-Северна Македонија и пратеник од Бурса, Ахмет Килич, пратеникот на АК Партија од Ван, Кајхан Туркменоглу, пратеникот на АК Партија од Чорум, Јусуф Ахлатџи, заменик-претседателот на Интерпарламентарната група за пријателство Туркије-Северна Македонија и пратеникот на ЏХП од Киркларели, Веџди Гундогду, пратеникот на МХП од Бурса, Февзи Зирхлиоглу, и пратеникот на партијата Саадет од Измир, Мустафа Билиџи.
На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.