Vesna Besiç
30 Ноември 2018•Ажурирај: 01 Декември 2018
САРАЕВО (AA) - Насер Ориќ, поранешен командант на единиците на Армијата на БиХ (АБиХ), на подрачјето на Сребреница, и Сабахудин Мухиќ, припадник на АБиХ, ослободени се од вина за злосторства на подрачјето на Сребреница и Братунац, јавува Anadolu Agency (AA).
На одлуката на Апелацискиот совет на Судот на БиХ не постои можност за жалба.
Советот на Одделлот за воени злосторства на Апелациското одделение на Судот на БиХ во кривичниот предмет против обвинетите Насер Ориќ и Сабахудин Мухиќ, по одржаната седница на советот на Апелацискиот оддел, донесе второстепена одлука со која се уважува жалбата на Обвинителството на БиХ, со што пресудата на Судот на БиХ од 9 октомври 2017 година се укинува и се одредува одржување претрес пред советот на Апелациското одделение на Судот на БиХ, соопштено е во јуни оваа година од Апелациското одделение на Судот на БиХ.
Со првостепената пресуда на Судот на БиХ, од 9 октомври 2017 гоина, обвинетиот Насер Ориќ и Сабахудин Мухиќ, врз основа на одредбите од Законот за кривична постапка на БиХ, ослободени се од обвинението.
Обвинетиот Насер Ориќ според обвинението извршил кривично дело за воено злосторство против воени заробеници.
Против наведената пресуда жалбата ја изјавило Обвинителството на БиХ поради битните повреди на одредбата на кривичната постапка и поради погрешно или непотполно утврдена фактичка состојба, со предлог Апелацискиот суд да ја уважи жалбата, во целост да ја укине првостепената пресуда и да одржи претрес.
Одбраната на обвинетите достави до Судот одговори на жалбата на Обвинителството на БиХ, со предлог Апелацискиот совет да ја одбие жалбата како неоснована и да ја потврди првостепената пресуда.