Ayhan Mehmet
23 Октомври 2024•Ажурирај: 24 Октомври 2024
КОМОТИНИ (АА) - Наставниците во Грција стапија во 24-часовен штрајк со барање за зголемување на нивните плати, известува Анадолу.
Како дел од штрајкот, околу 5.000 наставници се собраа во центарот на главниот град Атина и пешачеа до плоштадот Синтагма, каде што се собраа пред зградата на парламентот.
На протестот на кој беа искажани критики за образовниот систем, поддршка на наставниците им дадоа и учениците.
Протест траеше речиси 3 часа и заврши без инциденти.
Меѓу главните барања на просветните работници се зголемување на платите и вработување на нови наставници за да се намали обемот на работа.