Балкан

Началникот на ГШ на Туркије, генерал Ѓурак, во Северна Македонија се сретна со неговиот колега Лафчиски

- Началникот на турскиот Генералштаб, армискиот командант Метин Ѓурак, се сретна и со претседателката на Северна Македонија, Гордана Силјановска-Давкова, како дел од неговата посета на земјата

Dzihat Aliju  | 17.10.2024 - Обновена : 17.10.2024
Началникот на ГШ на Туркије, генерал Ѓурак, во Северна Македонија се сретна со неговиот колега Лафчиски Фото: Џихат Алију

СКОПЈЕ (АА) - Началникот на Генералштабот на Туркије, армискиот командант Метин Ѓурак, се сретна со неговиот колега, генерал-мајор Сашко Лафчиски, во рамките на неговата официјална посета на Северна Македонија, известува Агенција Анадолу.

Генерал-мајор Лафчиски со висока воена церемонија го пречека Ѓурак во Скопје.

По церемонијата, Ѓурак и Лафчиски имаа тет-а-тет средба и меѓуделегациска средба, на која, покрај турскиот амбасадор во Скопје, Фатих Улусој, присуствуваа и воени претставници од двете земји.

Ѓурак се потпиша во книгата на сеќавање, а началниците на генералштабите на двете земји си разменија и подароци.

Генералштабот на Северна Македонија информираше дека главни теми на средбата се унапредување на билатералната воена соработка, процесот на трансформација и модернизација на Армијата и придонесот на Армијата во меѓународните операции и мисии.

Началникот на турскиот ГШ, Ѓурак, се сретна и со претседателката на Северна Македонија, Гордана Силјановска-Давкова, како дел од неговата посета на земјата.


На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.