Балкан

Албанија: Демонстрантите во Тирана побараа оставка од градоначалникот Ерион Велиај

Претставникот на Демократската партија на Албанија (ПД), Томор Ализоти, во својот говор рече дека сите демократи треба да тргнат во акција

Fatjon Cuka, Dzihat Aliju  | 17.10.2024 - Обновена : 17.10.2024
Албанија: Демонстрантите во Тирана побараа оставка од градоначалникот Ерион Велиај Фото: Olsi Shehu/AA

ТИРАНА (АА) - Во главниот град на Албанија, Тирана, продолжуваат протестите во врска со наводите за корупција во градската управа, а насобраните го повторија својот повик до градоначалникот Ерион Велиај да поднесе оставка, јавува Анадолу.

Учесниците на протестот во организација на опозициската Демократска партија на Албанија (ПД) и Партијата на слободата (ПЛ), како и од некои невладини организации, се собраа пред зградата на Град Тирана.

Претставникот на ПД Томор Ализоти во својот говор рече дека сите демократи треба да тргнат во акција.

Заменик-претседателот на Градскиот совет на Тирана и претставник на ПД, Дорјан Телити, исто така ги повика демонстрантите „да одржат јавен протест и да го одржат во живот граѓанскиот отпор“.

Некои демонстранти запалија гуми за време на протестот, а беа распоредени десетици полицајци.

По обраќањето, демонстрантите се упатија кон зградата на Парламентот, каде што изби тепачка меѓу полицијата и демонстрантите, во која учествуваа и пратеници на ПД.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.