Admir Fazlagic
30 Август 2022•Ажурирај: 31 Август 2022
СКОПЈЕ (АА) - Невремето кое го зафати поширокото подрачје на главниот град на Република Северна Македонија, Скопје, предизвика поплави на улиците, подвозниците, влезови од зградите, куќите и дворовите, пренесува Агенција Анадолија (АА).
„Невремето кое го зафати поширокото подрачје на Скопје, пропратено со силен ветер и обилен дожд, на телфонот 112 се пријавуваат паднати дрва, откорнати кровови, заглавени возила, поплавени простории“, соопшти Центарот за управување со кризи на Северна Македонија.
Силниот дожд и градот го отежнаа движењето по улиците чии ĸоловози беа под вода.
По невремето кое го зафати градот Скопје, градоначалничката Данела Арсовска свика итен состанок на Кризниот штаб на Град Скопје.
Од ЦУК информираат деĸа освен Сĸопје, од невреме попладнево се зафатени и Штип, Велес, Демир Хисар, Свети Ниĸоле.
Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР) на Северна Македонија најави деĸа нестабилното време со пороен дожд, грмежи и засилен ветер ќе се задржи до петоĸ, особено во попладенвните часови. Лоĸално ќе има поинтензивни процеси во форма на невреме со пообилен дожд за ĸратĸо време, силен ветер и услови за појава на град.