Husamedin Gina
30 Август 2022•Ажурирај: 31 Август 2022
СКОПЈЕ (АА) - Во изминатите 24 часа во Северна Македонија регистрирани се 240 нов случај на коронавирусот (Ковид-19), со што вкупната бројка на евидентирани случаи од почетокот на пандемијата во земјата достигна 340.119, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Во изминатото деноноќие пријавено е едно починато лице од Ковид-19. Согласно Регистарот на починати лица со дијагноза Ковид-19 од Мој термин дополнително се регистрирани три починати лица, во периодот од 16 - 24.08.2022 година. Досега од коронавирусот во земјата починаа 9.481 лица.
Институтот за јавно здравје регистрира 446 оздравени пациенти од Ковид-19, додека вкупната бројка на досега излекувани изнесува 328.924.
Во моментот, бројот на активни случаи со Ковид-19 во земјата изнесува 1.714.
Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа реализирани се 1.084 тестирања за Ковид-19, а досега во земјата се направени вкупно 2.150.194 тестирања.