Aşkın Kıyağan
13 Февруари 2018•Ажурирај: 14 Февруари 2018
ВИЕНА (АА) - Претставникот на Обединетите нации (ОН) во спорот за името помеѓу Македонија и Грција, Метју Нимиц, во канцеларијата на ОН во австрискиот главен град, Виена, се состана со министрите за надворешни работи на Македонија и Грција, Никола Димитров и Никос Коѕиас, јавува Anadolu Agency (AA).
Во писменото соопштение на Канцеларијата на ОН во Виена се наведува дека средбата меѓу Нимиц, со министрите Димитров и Коѕијас беше конструктивна средба во рамките на изнаоѓање една взаемно прифатливо решение за спорот со името кој постои веќе долги години меѓу двете земји.
Според ова соопштение, на средбата која беше затворена за медиумите, двајцата министри се согласиле напорите за изнаоѓање постојано решение за спорот со името да продолжат во рамките на ОН.