Sanja Janackovic
21 Декември 2018•Ажурирај: 22 Декември 2018
НИШ (АА) - Најмалку пет лица загинаа, а 24 се повредени во несреќата во која во селото Долно Меџурово кај Ниш, на железнички премин без рампа, утринава околу 7:30 часот воз удрил во автобус и од силниот удар го преполовил, јавува Anadolu Agency (AA).
Тројца, меѓу кои, како што велат очевидците, и едно момче, загинале на местото на настанот, а уште две им подлегнале на повредите за време на операцијата во Клиничкиот центар Ниш, каде што се превезени сите повредени.
Овој клинички центар веќе го посети директорот на полицијата, Владимир Ребиќ, а се очекува таму да пристигне и српскиот министер за здравство, Златибор Лончар.
На Детското одделение се наоѓаат четири деца, неколку операции се во тек, а има уште животно загрозени, па подетални информации се очекуваат во текот на денот.
Инаку, во автобусот на „Нишекспрес“ имало многу деца кои со него патувале во училиште. Железничкиот сообраќај е во прекин.
Според соопштението на „Инфраструктура на железничките во Србија“, патничкиот воз кој сообраќал кон Прокупље, удрил во автобус на преминот означен со знаци за вертикална друмска сигнализација.