Derya Gülnaz Özcan
02 Декември 2021•Ажурирај: 03 Декември 2021
АТИНА
На грчкиот остров Крит е регистриран првиот случај на новата варијанта на коронавирусот, Омикрон, јавува Агенција Анадолија (АА).
Грчкиот министер за здравство, Танос Плеврис, наведе дека лицето за кое е утврдено дека е заразено со варијантата Омикрон, влегло во земјата на 26 ноември.
Како што изјави тој, по првите симптоми, со тестот направен на 29 ноември, утврдено е дека лицето е позитивно на Ковид-19.
Напоменувајќи дека лицето дошло од една африканска земја, Плеврис наведе дека пациентот и неговите блиски кои биле во контакт се во карантин.
Плеврис изјави дека Научниот комитет изнел мислење против Ковид-19 да се вакцинираат и деца од 5 до 11 години.
Тој најави дека вакцините за деца ќе пристигнат во Грција кон крајот на декември.