Almir Terzic
07 Октомври 2018•Ажурирај: 07 Октомври 2018
САРАЕВО (АА) - Во Босна и Херцеговина денес се одржуваат осми општи избори по Дејтонскиот мировен договор, а четврти на кои вкупно 518 избрани официјални претставници се бираат на мандат од четири години, јавува Anadolu Agency (AA).
Гласачките места се отворија во 07:00 часот, а гласањето ќе трае до 19:00 часот, освен во случаите каде што доколку се случило доцнење при нивното отворање, ќе биде продолжено за исто толку време.
- Нивоа на власта за кои се спроведуваат изборите -
Изборите се спроведуваат за членови на Претседателството на БиХ, од кои два, од бошњачкиот и хрватскиот народ се бираат од Федерацијата БиХ, и еден од српскиот народ, од ентитетот Република Српска (РС).
На листата за бошњачки член на Претседателството се наоѓаат шест кандидати, за хрватски член на Претседателството на БиХ пет, а за член на Претседателството на БиХ од српскиот народ, четири кандидати.
Се бираат и 42 пратеника во Претставничкиот дом на Парламентарното собрание на БиХ, и тоа 28 од пет изборни единици во Федерацијата БиХ, и 14 од три изборни единици во РС.
Во Федерацијата БиХ се бираат 98 пратеници во Претставничкиот дом на Парламентот на ФБИХ од 12 изборни единици.
Истовремено, во РС, меѓу 36 кандидати се бира претседател и два потпретседатели на РС кои не можат да бидат од ист конститутивен народ.
Кога е во прашање Народното собрание на РС, од девет изборни единици се бираат 83 пратеници.
Изборите се спроведуваат и за Собранието на кантоните во Федерацијата БиХ, така што во Тузланскиот, Сараевскиот и Зеничко-добојскиот кантон се бираат 35 пратеници, во Унско-санскиот, Среднобосанскиот и Херцеговско-неретванскиот по 30, во Босанскоподринскиот и во Кантонот 10 (Литванскиот) по 25 пратеници, во Западнохерцеговскиот, 23 и во Посавскиот, 21 пратеник.
Право на глас на изборите имаат вкупно 3.352.933 гласачи во БиХ, меѓу кои 2.092.933 гласаат во Федерацијата БиХ, а 1.260.597 во РС.
Кога се во прашање кантоните во Федерацијата БиХ, најмногу гласачи имаат право на глас во Тузланскиот кантон, 429.702, потоа во Сараевскиот, 417.637, во Зеничко-добојскиот 329.356, во Унско-санскиот 254.483, во Среднобосанскиот 225. 865 и во Херцеговско-неретванскиот кантон, 195.543 гласачи.
Во Западнохерцеговскиот кантон право на глас имаат 72.875, во Кантонот 10 (Ливањскиот) 64.954, во Посавскиот 40.073, а најмалку во Босанскоподринскиот, 23.496 гласачи.
На изборите учествуваат 128 политички субјекти, и тоа 58 политички партии, 36 коалиции и 34 независни кандидати.
На гласачите на изборите им се понудени 7.497 кандидати на вкупно 804 кандидатски листи. Меѓу кандидатите се наоѓаат 4.378 мажи и 3.119 жени.
- Први резултати -
Според податоците на Централната изборна комисија на БиХ, изборниот процес на самиот ден на одржување на општите избори ќе го следат повеќе од 3.000, првенствено домашни набљудувачи (невладини, а свои набљудувачи ќе имаат и политичките субјекти), како и меѓународни, акредитирани за набљудување на работата на Главниот центар за пребројување на гласовите во Сараево.
Централната изборна комисија на БиХ на полноќ ќе објави прелиминарни, неофицијални и некомплетни резултати за сите нивоа на власта за кои се одржуваат изборите.