Fatjon Cuka
08 Јули 2022•Ажурирај: 08 Јули 2022
ТИРАНА (АА) - Парламентот на Албанија ги ратификува протоколите за членство на Финска и Шведска во НАТО, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Двата нацрт-закони беа ратификувани со 114 гласа „за“, ниту еден „против“ и „воздржан“ од вкупно 140 пратеници во Парламентот.
Министерката за Европа и надворешни работи на Албанија, Олта Џачка, за време на своето обраќање на седницата рече дека Албанија од првите моменти го поддржала процесот за членство на овие две земји во НАТО.
Според неа, поканата за членство во НАТО за Финска и Шведска била најважната одлука од Самитот на НАТО во Мадрид.
„Ние цврсто веруваме во политиките на отворени врати на НАТО, и оваа политика ја прави Алијансата посилна и со погарантирана колективна безбедност. Оваа перспектива треба да се понуди и на Косово“, нагласи таа.
Џачка истакна дека членството на Финска и Шведска влијае врз зголемувањето на безбедноста на евроатлантската зона.
Инаку, законите за ратификување на протоколите треба да се декретираат и од страна на претседателот на Албанија, Илир Мета.