Furkan Abdula
09 Септември 2021•Ажурирај: 09 Септември 2021
СКОПЈЕ (АА) - Претседателот на Северна Македонија, Стево Пендаровски, преку социјалните мрежи реагираше во врска со пожарот кој го зафати Ковид-центарот во Тетово, пренесува Агенција Анадолија.
„Сочувство до семејствата и роднините на починатите во страшната трагедија во Ковид-центарот во Тетово“, напиша Пендаровски на својот Фејсбук профил.
Пендаровски на повредените во пожарот им посака успешно закрепнување.
Инаку, во пожарот загинаа најмалку 10 лица, додека има и бројни повредени, потврди Министерството за здравство на Северна Македонија.
„До моментов се потврдени десет загинати во пожарот, но бројката може да порасне“, се наведува во соопштението на Министерството.