ТЕТОВО (АА) - Најмалку десет лица загинаа во пожарот кој го зафати Ковид-центарот во Тетово, соопштија властите на Северна Македонија, додека владината делегација предводена од премиерот Зоран Заев одржа состанок во општина Тетово, јавува Агенција Анадолија (АА).
Премиерот Заев се остана со министерот за здравство, Венко Филипче, градоначалничката на општина Тетово, Теута Арифи, и други официјални претставници по пожарот кој избувна во овој Ковид-центарот во Тетово.
По средбата, Заев не даде изјава за медиумите, но рече дека обвинителите, форензичарите, експертите работат во врска со случајот.
Градоначалничката Арифи во изјава за медиумите во врска со несреќата истакна дека тоа е голема болка.
Рече дека податоците и изјавите ќе бидат дадени откако државниот обвинител ќе ја изврши работата.
Во врска со прашањето дали ќе има одговорност, Арифи нагласи дека институциите треба да ги утврдат одговорните, причините и сите други детали.
„Утре вонреден состанок ќе има Владата, како и Општинскиот совет на Тетово“, нагласи таа, не давајќи други детали.
Инаку, во пожарот загинаа најмалку 10 лица, а има и бројни повредени, потврди Министерството за здравство на Северна Македонија.
„До моментов се потврдени десет загинати во пожарот, но бројката може да порасне“, се наведува во соопштението на Министерството.
Се истакнува дека лекарите се борат за животите на повредените во пожарот.
Во врска со пожарот сочувство и жалење изразија бројни официјални претставници од Северна Македонија, земјите од регионот и од Турција, како претседателот на Северна Македонија, Стево Пендаровски, претседателот на Собранието на Северна Македонија, Талат Џафери, премиерот на Северна Македонија, Зоран Заев, министерот за здравство на Северна Македонија, Венко Филипче, претседателот на турскиот Парламент, Мустафа Шентоп, претседателот на Албанија, Илир Мета, премиерот на Албанија, Еди Рама, претседателката на Косово, Вјоса Османи, премиерот на Косово, Албин Курти, претседателот на косовскиот Парламент, Глаук Коњуфца.