Stipe Majic
19 Април 2018•Ажурирај: 20 Април 2018
ЗАГРЕБ (АА) - Премиерот на Република Хрватска, Андреј Пленковиќ го изрази своето очекување дека највисоките политички претставници на Република Србија јасно и недвосмислено ќе го осудат актот на Воислав Шешељ над хрватското знаме, за да се продолжи развојот на односите на двете земји, јавува Anadolu Agency (AA).
Пленковиќ утврди дека Владата на Хрватска во потполност ја поддржува одлуката на претседателот на хрватскиот Парламент, Гордана Јандроковиќ и членовите на делегацијата да се прекине посетата на Белград и да се вратат во Република Хрватска.
„Очекуваме од Србија остро и недвосмислено да го осуди овој чин на пратеникот во Собранието, кој уште еднаш ја потврди својата сурова и неодлучна реторика и однесување кон Република Хрватска. На тоа имавме можност да сведочиме во последниве години, а за жал и за време на агресијата на режимот на Милошевиќ кон Републиката Хрватска. Видовме дека со последната пресуда на Меѓународниот суд, т.е. на овој специјален механизам, Меѓународниот суд го потврди неговото подбуцнувачко однесување, кое придонесе за најлоши воени злосторства во Татковинската војна во Република Хрватска“, рече Пленковиќ.
Пленковиќ порача оти очекува продолжението на политичките односи на Хрватска со Србија да биде во контекст на српската осуда на тоа однесување.
Тој порача дека Хрватската стопанска комора вчера ја отворила својата канцеларија во Белград како јасен сигнал дека тие сакаат да продолжат со подобрувањето на односите, трговијата, економската соработка и добрососедската европска соработка.
Хрватското Министерство за надворешни работи и европски прашања вчера упати протестна нота до српската амбасада во Загреб со јасна осуда на овој чин.
Пленковиќ рече дека хрватската Влада ќе продолжи да гради односи со своите соседи, но дека на ваквите потези ќе се реагира одлучно и соодветно во заштита на дигнитетот на хрватската држава и достоинството на Република Хрватска во целина.
Хрватската делегација предводена од претседателот на хрватскиот парламент, Гордан Јандроковиќ, ја прекина официјалната посета на Република Србија откако пратеникот во националното собрание, Воислав Шешељ, го газеше хрватското знаме и ги вреѓаше членовите на хрватската делегацијата при напуштањето на националното собрание на Србија.