Stipe Mayiç
19 Октомври 2016•Ажурирај: 20 Октомври 2016
ЗАГРЕБ (АА) - На свечената седница на Парламентот на кој учествува и претседателката на Хрватска, Колинда Грабар Китаровиќ, мандатарот за состав на новата хрватска Влада, Андреј Пленковиќ, бара поддршка од мнозинството парламентарни претставници, јавува Anadolu Agency (AA).
На свечената седница на Парламентот денес се дискутира за довербата на вчера дефинираната Влада на Андреј Пленковиќ, кој вчера одбра 20 министри.
Пред гласањето и дискусијата, мандатарот Андреј Пленковиќ накратко на претставниците им ја претстави програмата за идната Влада.
Пленковиќ во своето обраќање на претставниците им рече дека е свесен за сите проблеми кои стојат пред него и неговата Влада. Посебно се осврна на демографската состојба во земјата и стареењето на населението.
Тој меѓу останатото, изјави дека целта е да ја децентрализира регионалната власт, да спроведе реформи во образовниот систем, како и курикуларната реформа.
По излагањето на програмата на Владата, започна собраниската расправа за која не се знае кога ќе заврши со гласањето на довербата.
На самиот почеток на свечената седница, пратеникот од Живиот ѕид, Иван Пернар, побара пауза од 10 минути бидејќи пратеникот Иван Вилибор Синчиќ и членовите на Живиот ѕид во времето на седницата на Владата, се приведени во полициска станица. Пернар на Парламентот му укажа дека се работи за незаконски чин со оглед на тоа дека Иван Вилибор Синчиќ има пратенички имунитет.
По изгласувањето на довербата на Парламентот, претходниот премиер, Тихомир Орешковиќ, во зградата на Владата официјално ќе го предаде мандатот на новиот претседател на хрватската Влада, Андреј Пленковиќ.