Stipe Mayiç
29 Март 2017•Ажурирај: 29 Март 2017
ЗАГРЕБ (АА) - Хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ денес се осврна на актуелната „Декларација за заеднички јазик“, кој е потпишана од бројни писатели и културни работници од Хрватска, БиХ, Србија и Црна Гора. Порача дека таа декларација нема да ја поддржи ниеден сериозен човек од Хрватска, јавува Anadolu Agency (AA).
„Декларацијата за заеднички јазик“, кој е потпишана од страна на угледни хрватски, босанско-херцеговски, српски и црногорски книжевници, јазични експерти и културни работници, ќе биде претставена во сабота, на 1. април во Сараево.
По официјалното претставување, ќе може да се потпише петиција за поддршка на страницата jezicninacionalizmi.com.
Но, хрватскиот премиер е на мислење дека станува збор за несериозна иницијатива.
„Хрватскиот јазик е јазикот на Република Хрватска дефиниран со нашиот Устав. Хрватскиот јазик е еден од официјалните јазици на Европската Унија. За мене единствено тоа е важно. За некои неформални иницијативи на сериозен начин, мислам дека не треба да трошиме зборови“, порача премиерот.
„Како би го поддржал тоа?! Кој може тоа да го поддржи во Хрватска?!“, им одговори на новинарите премиерот Пленковиќ на прашањето дали ќе ја поддржи Декларацијата.
Сличен став зазеде и хрватската министерка за култура Нина Обуљен, која порача дека секој од јазиците е специфичен на свој начин и не гледа на кој начин би можела тоа Декларацијата да го измени.
„Декларацијата за заедничкиот јазик“ беше креирана по низа конференции одржани во поголемите градови во овие четири земји насловени како Јазици и национализми, а ја составија триесетина јазични експрети од Хрватска, Србија, БиХ и Црна Гора.