Abdula Berisha
07 Јануари 2025•Ажурирај: 08 Јануари 2025
СКОПЈЕ (АА) - Православните христијани во Северна Македонија денеска го слават едниот од двата најголеми празници во христијанството, Божиќ, јавува Анадолу.
Во сите храмови на Македонската православна црква - Охридска Архиепископија (МПЦ-ОА) изутринава се одржуваат божиќни литургии, a централното одбележување се одржа во Соборниот храм „Свети Климент Охридски“ во Скопје.
По повод Божиќ, архиепископот охридски и македонски, , г. г. Стефан, заедно со Светиот архиерејски синод на Македонската православна црква - Охридска архиепископија, упатија Божиќно послание во кое пожелува мир и благослов.
По божиќната литургија, во Соборниот храм беше прочитана пораката на архиепископот охридски и македонски, г. г. Стефан.
Меѓу присутните, покрај голем број граѓани, имаше и високи претставници на земјата - претседателката на Северна Македонија, Гордана Силјановска Давкова, премиерот Христијан Мицкоски и други.