Agim Sulaj
28 Декември 2025•Ажурирај: 28 Декември 2025
ПРИШТИНА (АА) – Од пребројувањето на повеќе од 60 % од гласачките кутии на вонредните парламентарни избори во Косово, води Движењето Самоопределување, јавува Анадолу.
Во резултатите објавени од Централната изборна комисија (ЦИК), која започна со броење на гласовите веднаш по затворањето на гласачките места, со пребројани повеќе од 60 % од гласачките кутии, Движењето Самоопределување обезбедило 50,24 % или 257.390 гласови.
По Движењето Самоопределување, на второ место е Демократската партија на Косово (ПДК) со 20 % или 102.460 гласови.
На трето место е Демократската лига на Косово (ЛДК), која досега добила 14,16 % или 72.566 гласови, по што следува Алијансата за иднината на Косово (ААК), која досега добила 6,57 % или 33.659 гласови.
Другите партии кои нема да достигнат 5 % од гласовите до крајот на официјалното пребројување на гласовите нема да можат да го преминат прагот и да влезат во косовското собрание.
Исто така, по затворањето на прелиминарните резултати, треба да се очекува и пребројување на илјадници гласови од дијаспората, каде што беа регистрирани околу 70.000 граѓани за гласање.