Derya Gülnaz Özcan
07 Септември 2023•Ажурирај: 08 Септември 2023
АТИНА (АА) - Премиерот на Грција, Кирјакос Мицотакис, изјави дека пред суд ќе одговараат одговорните за смртта на 36-годишен маж што е турнат од траект во смрт на пристаништето Пиреј, пренесува Анадолу.
На снимките што кружат на социјалните мрежи може да се види како членови на екипажот на траектот се расправаат со маж што се обидува да се качи на траектот во моменти кога испловува од пристаништето Ираклио на Крит.
На првата снимка се гледа како еден член на екипажот насилно го турка мажот од рампата на траектот, по што тој паѓа во морето.
Сведоците тврдат дека екипажот не му дозволил на лицето да се качи на траектот бидејќи немал билет.
Обвинителството во Пиреј поведе истрага за овој случај, а приведени се четворица членови на екипажот на траектот.
По спроведената обдукција е утврдено дека причина за смртта на 36-годишниот маж е давење во морето.
Мицотакис изјави дека е тажен, а настанот го нарече „срамен“. Тој истакна дека одговорните ќе бидат казнети и ќе одговараат пред суд.