Fatjon Cuka
24 Мај 2022•Ажурирај: 25 Мај 2022
ТИРАНА (АА) - Вториот круг од изборите за претседател на Албанија, кој се одржа синоќа, заврши неуспешно откако партиите не предложија ниту еден кандидат, јавува Агенција Анадолија (АА).
Во вториот круг, ниту владејачката Социјалистичка партија на Еди Рама, ниту опозициската Демократска партија не понудија кандидати.
Според Комисијата за правни прашања, јавна администрација и човекови права при албанскиот Парламент, на 22 мај до Собранието не биле поднесени никакви кандидатури за претседателската функција.
Потсетуваме дека првиот круг од претседателските избори истече на 16 мај без официјални кандидати, бидејќи пратеничките групи во албанскиот Парламент не поднесоа свои кандидатури.
Според албанскиот Устав, постапката за избор на претседател започнува најдоцна 60 дена пред истекот на претходниот претседателски мандат. Кандидатот за претседател на Собранието предлага група од најмалку 20 пратеници.
Во Албанија претседателот го избира Собранието во пет круга гласање. Во првите три круга се бара да гласаат три петтини од пратениците, односно 84, додека во последните два круга треба да гласаат 71 пратеник.
Мандатот на актуелниот претседател Илир Мета истекува на 24 јули.