Furkan Abdula
23 Мај 2022•Ажурирај: 24 Мај 2022
СКОПЈЕ (АА) - Во последните 3 дена во Северна Македонија регистрирани се 151 нов случај на коронавирусот (Ковид-19), со што вкупната бројка на евидентирани случаи од почетокот на пандемијата во земјата достигна 311.350, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Не се пријавени нови починати лица од Ковид-19, со што билансот на смртни случаи во земјата остана исто, односно изнесува 9.297.
Институтот за јавно здравје регистрира 184 оздравени пациенти од Ковид-19, додека вкупната бројка на досега излекувани изнесува 301.545.
Во моментот, бројот на активни случаи со Ковид-19 изнесува 508.
Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа реализирани се 2.780 тестирања за Ковид-19, а досега во земјата се направени вкупно 2.046.474 тестирања.