Балкан

Претседателот на турскиот парламент Куртулмуш се сретна со претседателката на Северна Македонија Сиљановска-Давкова

- На средбата се разговараше за односите меѓу Туркије и Северна Македонија, како и за актуелните глобални и регионални прашања

Dzihat Aliju  | 21.12.2024 - Обновена : 21.12.2024
Претседателот на турскиот парламент Куртулмуш се сретна со претседателката на Северна Македонија Сиљановска-Давкова ФОТО: ТБММ

СКОПЈЕ (АА) - Претседателот на Големото национално собрание на Туркије, Нуман Куртулмуш, беше примен од претседателката на Северна Македонија, Гордана Сиљановска-Давкова, за време на неговата официјална посета на земјата, известува Анадолу.

Претседателка Сиљановска-Давкова го прими претседателот на Големото национално собрание на Туркије Куртулмуш.

На приемот што се одржа во зградата на Претседателството, Куртулмуш ѝ се заблагодари на Давкова за гостопримството што му беше укажано нему и на неговата делегација во Скопје, каде што пристигнале по повод одбележувањето на 21 декември – Денот на наставата на турски јазик во Северна Македонија.

Куртулмуш рече дека во последно време функционери од високо ниво од Туркије доаѓаат во Северна Македонија по повод 21 декември – Денот на наставата на турски јазик и посака тоа учество да стане традиција. Тој истакна дека меѓу двете земји постојат древни и историски односи и дека е задоволен што гледа континуиран развој на односите меѓу двете земји.

Претседателот на турското собрание Куртулмуш изјави дека турската заедница во Северна Македонија и граѓаните во Туркије со потекло од Северна Макеоднија претставуваат важен мост меѓу двете земји.

Куртулмуш изрази желба за развој на билатералните односи во сите области, особено во одбранбената индустрија, образованието, економијата и туризмот и рече дека Туркије ќе продолжи да дава силна поддршка за развојот на Северна Македонија преку нејзините културни институции.

„Продолжувањето на безбедноста и стабилноста на Балканот е основната желба на Туркије“, рече Куртулмуш, потенцирајќи дека решавањето на разликите преку преговори ќе биде од корист на сите, и посочи дека Туркије има подеднаков пристап кон сите балкански земји.

Велејќи дека посакува силната соработка меѓу владите да продолжи и меѓу парламентите, Куртулмуш го изрази своето убедување дека односите меѓу Туркије и Северна Македонија ќе бидат многу посилни во наредниот период.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.