Bojana Stojanovic
08 Јули 2020•Ажурирај: 08 Јули 2020
БЕЛГРАД
Повеќе полицајци се повредени вечерва во нередите пред Собранието на Србија, но не се знае уште дали станува збор за полесни или потешки повреди, изјави директнорот на полицијата Владимир Ребиќ, јавува Агенција Анадолија (АА).
Тој за Радио-телевизија Србија (РТС) изјави дека дел од демонстрантите се однесува потполно непримерно.
Како што додаде, пред Собранието на Србија се околу 5.000 граѓани, од кои не сите беа насилни, но дека помала група од 100 или 200 демонстранти го проби полицискиот кордон за време на обидот за упад во Собранието.
Ребиќ наведе дека еден број на полициските службеници е приведен и дека по прегледот на видео-надзодите и утврдувањето на идентитетот на оние кои со камења ги гаѓаа полицајците многу бргу ќе бидат приведени.
Тој рече дека помали инциденти имало и во Нови Сад каде кон Градската куќа биле фрлани камења и флаши.
И меѓу демонстрантите во Белград има повредени. Сеуште не е утврдено колку лица во судирите се повредени.