Bojana Stojanovic
08 Јули 2020•Ажурирај: 08 Јули 2020
БЕЛГРАД
Демонстрантите собрани околу Собранието на Србија се судрија со полицијата, која фрлаше солзавец, а дел од граѓаните се и пред Радио-телевизија на Србија (РТС) каде запалија контејнер, јавува Агенција Анадолија (АА).
Собраните граѓани протестираат поради воведувањето на полицискиот час од петок до понеделник, поради коронавирусот (Ковид-19).
Демонстрантите и понатаму протестираат и кон припадниците на жандармеријата гаѓаа со камења, флаши, поради што полицијата фрли солзавец, кој на кратко ги отргна собраните, но тие се враќаат, и палат факели и можат да се слушнат навреди за претседателот на Србија Александар Вучиќ.
Меѓу собраните се и оние кои земаа штит од припадниците на жандармеријата.
Дел од граѓаните се и пред зградата на РТС каде запалија контејнер.
Претседателката на Владата на Србија Ана Брнабиќ реагираше, изјавувајќи за јавниот сервис дека државата и сите нејзини институции ќе го заштитат правниот поредок како што тоа се прави во секоја демократска уредена земја.