Bojana Stojanovic
18 Јануари 2019•Ажурирај: 18 Јануари 2019
БЕЛГРАД (AA) - „Ви благодарам на пријателството", порача вечерва на српски јазик претседателот на Русија Владимир Путин пред Храмот Свети Сава во Белград, каде се собраа неколку илјади граѓани за да го видат Путин, јавува Anadolu Agency (AA).
Истиот тој збор Путин го повтори и на руски јазик пред Храмот со претседателот на Србија Александар Вучиќ, каде се испратени со песната „Ова е Србија". Собраните граѓани држеа транспаренти „Грачаница", „Лепосавиќ", како и ликови на Путин, Вучиќ и патријархот Иринеј.
Според проценките на Министерството за внатрешни работи на Србија, пред Храмот Путин дошле да го видат помеѓу 120.000 и 125.000 луѓе. Голем дел од нив дојдоа од другите делови на Србија организирано, со автобуси, на повик на различни здруженија, невладини организации.
Претседателот на Русија претходно со Вучиќ го посети Храмот, во чија изградба помага Русија, а по доаѓањето во Храмот, освен Вучиќ, Путин го дочека и поглаварот на Српската православна црква, патријархот Иринеј.
За време на посетата на Храмот присуствуваа претседателката на Владата на Србија Ана Брнабиќ, претседавачот со Претседателството на Босна и Херцеговина Милорад Додик, претседателката на Владата на Република Српска Жељка Цвијановиќ, како и членови на руската делегација.
Со помош на руската компанија „Gaspromnjeft" до сега е финансирана изработка на куполата во мозаик, најголема во православните храмови.
Со ова е завршен официјалниот дел од посетата на претседателот на Русија, кој престојува по четврти пат во посета на главниот град на Србија.
Претходниот пат во Белград бил во 2014 година, како почесен гостин на Воената парада организирана по повод на 17 години од ослободување на Белград во Втората Светска војна и сто години од почеток на Првата светска војна.
Поради неговата посета, преземени се највисоки безбедносни мерки, а сообраќајот во главниот град на Србија имаше посебен режим.
Во чест на неговото доаѓање, главние сообраќјаници во Белград окитени се со српски и руски знамиња, ширум градот се поставени и билборди во знак на пријателство на двата народа, а фонтаната на Славија исто така беше во боите на српското и руското знаме.
Во текот на денешниот ден, Путин и Вучиќ потпишаа повеќе од 20 договори, меѓу кои и Договор за користење на атомска енергија во мирнодопски цели, кои ги парафираа генералниот директор на „Rosatoma" Алексеј Лихачов и министерот задолжен за иновации во Владата на Србија Ненад Поповиќ.
На списокот се и Меморандум за разбирање за руско-српска соработка во областа на развојот на дигиталните технологии, како и меморандум за развој на иновации во секторот на електричната енергија.
Беше потпишан и договор вреден 230 милиони евра за проектирање и изведување на работи на изградба на железничка инфраструктура на Србија.
Зголемување на капацитетот на хидроелектраната „Ѓердап 2", помеѓу комапнииите „Силовије машини" и „Електропривреде Србије" како и меморандум за руско-српска соработка во секторот на електричната енергија, исто така се печатирани.