Bekim Laci
19 Мај 2017•Ажурирај: 20 Мај 2017
СКОПЈЕ (АА) Граѓанската иницијатива „Пет до дванаесет“, која заедно ги собира родителите на децата со посебни потреби, на прес-конференција најави дека родителите и нивните деца со посебни потреби ќе се вратат со шатори пред Собранието на Република Македонија, како како што се случи минатиот месец, заради сензибилизирање на државните органи за нивните проблеми и потреби, јавува Anadolu Agency (AA).
Организаторот најави дека во наредните три дена ќе се одржат различни активности кои, како што рече на прес-конференција претставникот на здружението „Трисомија 21“, Сузана Стојановска, доаѓаат како резултат на „глувото уво“ на Министерството за труд и социјална политика, по поднесувањето на предлогот за законски измени пред неколку месеци, кога заедно со децата поминаа ноќи во шатори поставени пред Собранието.
„Овој викенд ние се враќаме во шатори пред Собранието, но сега во поголем број, со целодневна агенда и активности, и работилници за деца со посебни потреби. Еднаш докажавме дека можеме да се организираме кога собравме над 30.000 потписи. Нашите барања се развиваат и ќе бидат доставени до Парламентот и до следната влада“, рече Стојановска.
Суат Алишан од здружението „Детски свет - нов почеток“, за деца со оштетен вид, изјави дека своето лично искуство го употребил за да се посвети на животот на децата со посебни потреби.
„Мајка ми беше принудена да се откаже, бидејќи и таа имаше 100-процентно оштетен вид и не беше во можност да се грижи за мене“, изјави тој, додавајќи дека сите деца заслужуваат да имаат свое место под ова заедничко сонце.
„Глувите посакуваат да ја надминат тишината, а слепите да ја надминат темнината. Да се обединиме и да го реализираме нивниот сон“, рече Алишан.