Fatjon Cuka
07 Април 2017•Ажурирај: 08 Април 2017
ТИРАНА (АА) - Во Конгресната палата во Тирана денес беа отворени шестиот Меѓународен саем за градежништво и Третиот меѓународен саем за термички материјали и уреди, јавува Anadolu Agency (AA).
На овие саеми се изложени различни производи од областа на градежништвото, како и термички материјали, бои, рамки, врати и прозорци, лифтови и друго.
Исто така, претставен е целиот спектар на климатизирани апарати за ладење и греење, економично греење и соларни панели.
Оваа година за првпат ќе бидат претставена и технологијата на вода и заштита на животната средина.
Денес отворените саеми се сметаат за можност за соработка меѓу претприемачите и земјите од Западен Балкан.
Компаниите што изложуваат двата саема се од Албанија, Македонија, Грција, Италија, Косово и од други земји.
Саемите ќе бидат отворени до недела, 9. април.