Derya Gülnaz Özcan,Tevfik Durul
04 Јануари 2022•Ажурирај: 05 Јануари 2022
АТИНА
Грчкиот министер за надворешни работи, Никос Дендијас, истакна дека делегација од Саудиска Арабија го посетила Александрополис (Дедеагач) за да се запознае со можностите за инвестирање, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Министерот за надворешни работи на Саудиска Арабија, Фајсал бин Ферхан ал Сауд, и шефот на грчката дипломатија, Никос Дендијас, на заедничката прес-конференција дадоа информации за нивната средба во Атина.
Истакнувајќи дека честите контакти меѓу Саудиска Арабија и Грција во последниве години се показател за блискоста во билатералните односи, Дендијас рече дека грчкото испраќање батерии за воздушна одбрана што се користат во ракетните системи „Патриот“ во Саудиска Арабија не е значајно само за безбедноста на Саудиска Арабија, туку и за регионот и за енергетската безбедност на Европа.
Дендијас, истакнувајќи дека работат и на нови договори за соработка во полето на одбраната и економијата, рече: „Делегација од Саудиска Арабија во блиска иднина ќе го посети Александрополис за да ги испита можностите за инвестирање во овој интересен регион што се наоѓа во развој. Би сакал да се заблагодарам за неговото ветување дека ќе го оствари тоа.“
Од друга страна, Фајсал бин Ферхан ал Сауд, нагласувајќи дека на средбата со Дендијас разговарале за соработката во областа на трговијата и културата, додаде дека на дневен ред биле и прашањата за борбата против тероризмот и политичките проблеми во земјите од регионот.