Oktaj Omeragikj
06 Септември 2022•Ажурирај: 07 Септември 2022
СКОПЈЕ (АА) - Министерството за здравство на Северна Македонија информираше дека во последните 24 часа во земјата е спроведено тестирање на 977 примероци сомнителни на Ковид-19, од кои 179 биле позитивни на коронавирус, а притоа 57 лица се реинфицирани. Вкупната бројка на евидентирани случаи на зараза од почетокот на пандемијата во земјата достигна 341.127, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Во дадениот период не е регистриран ниту еден смртен случај предизвикан од последици на заразеност со Ковид-19. Согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза Ковид-19 од Мој термин, дополнително нема регистрирани смртни случаи.
Досега од последиците на заразеност со Ковид-19 во земјата животот го загубија 9.499 заразени.
Институтот за јавно здравје регистрира 175 оздравени пациенти од Ковид-19, додека вкупната бројка на досега оздравени изнесува 330.328.
Во моментот, бројот на активни случаи на зараза со Ковид-19 во земјата изнесува 1.300.
Министерството за здравство информира дека во последното деноноќие е спроведено тестирање на 977 примероци сомнителни на Ковид-19, а досега во земјата се направени вкупно 2.155.071 тестирање.