Ekipa
22 Мај 2021•Ажурирај: 23 Мај 2021
СКОПЈЕ (АА) - Во последните 24 часа во Република Северна Македонија регистрирани се 51 нов случај на коронавирусот, Ковид-19, со што вкупната бројка на евидентирани случаи од почетокот на епидемијата во земјата порасна на 155.028, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Од последици предизвикани од коронавирусот во истиот период пријавени се 16 починати лицa, од кои пет починале во домашни услови во периодот април-мај. Билансот на смртни случаи од овој вирус во земјата се искачи на 5.296.
Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 84 оздравени пациенти од Ковид-19, додека вкупната бројка на излекувани изнесува 146.800.
Во моментот, бројот на активни случаи со Ковид-19 изнесува 2.932.
Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се реализирани 4.060 тестирањa за Ковид-19, а досега во земјата се направени вкупно 773.531 тестирање.