Husamedin Gina
05 Јули 2021•Ажурирај: 06 Јули 2021
СКОПЈЕ
Во последните 24 часа во Република Северна Македонија регистрирани се 6 нови случаи на коронавирусот (Ковид-19) зголемувајќи ја вкупната бројка на евидентирани случаи на зараза со коронавирус во земјата на 155.716, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Од последици предизвикани од Ковид-19 во последното деноноќие не се регистрирани нови смртни случаи, со што вкупниот број на починати од коронавирусот во земјата остана ист, односно 5.486.
Во последните 24 часа се регистрирани 27 оздравени лица заразени со Ковид-19, со што билансот на оздравени пациенти се искачи на 150.100.
Бројот на активни случаи на Ковид-19 во Северна Македонија изнесува 130.
Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се реализирани 1.650 тестирања за Ковид-19, вкупно 893.681 тестирања од почетокот на епидемијата во земјата.