Oktaj Omeragikj
05 Јули 2021•Ажурирај: 06 Јули 2021
СКОПЈЕ
Пандемијата на новиот тип коронавирус (Ковид-19), според последните податоци, е причина за смртта на 3.995.263 луѓе во светот. Досега Ковид-19 е детектиран кај 184.667.364 лица, а оздравеа 168.991.061 лице претходно позитивни на коронавирусот, известува Агенција Анадолија (АА).
Според интернет-страницата „Worldometers“, која секојдневно ги ажурира податоците поврзани со пандемијата на новиот тип коронавирус (Ковид-19), Соединетите Американски Држави (САД) се земја со најголем број заразени во светот. Во оваа земја детектирани се 34.592.377 случаи на заразување со Ковид-19.
Земји во светот во кои бројката на заразени со Ковид-19 изнесува над 1 милион се: Индија со 30.585.229 заразени, Бразил со 18.769.808, Франција со 5.786.203, Русија со 5.635.294, Турција со 5.444.786, Велика Британија со 4.903.434, Аргентина со 4.535.473, Колумбија со 4.350.495, Италија со 4.263.317, Шпанија со 3.833.868, Германија со 3.738.451, Иран со 3.270.843, Полска со 2.880.308, Мексико со 2.540.068, Индонезија со 2.313.829, Украина 2.237.823, Перу со 2.065.113, Јужноафриканска Република со 2.062.896, Холандија со 1.689.106, Чешка со 1.667.935, Чиле со 1.569.784, Филипини со 1.441.746, Канада со 1.416.969, Ирак со 1.371.475, Шведска со 1.090.880, Белгија со 1.086.508 и Романија со 1.080.951 заразени.
Во исто време, САД се и земја со најголем број смртни случаи предизвикани од заразеност со новиот тип коронавирус во светот. Ковид-19 е причина за смртта на 621.293 лица во Соединетите Американски Држави.
Земји во светот во кои од последиците на заразеност со Ковид-19 животот го загубиле над 50.000 луѓе се Бразил со 524.475 починати, Индија со 402.758, Мексико со 233.622, Перу со 193.230, Русија со 138.579, Велика Британија со 128.222, Италија со 127.649, Франција со 111.161, Колумбија со 108.896, Аргентина со 95.904, Германија со 91.584, Иран со 84.949, Шпанија со 80.911, Полска со 75.085, Јужноафриканска Република со 61.840, Индонезија со 61.140 и Украина со 52.484 лица починати од Ковид-19.
Досега од Ковид-19 оздравеа 168.991.061 лице.
Во моментов во светот има 11.681.040 активни случаи на заразеност со Ковид-19, од кои 77.817 заразени се наоѓаат во критична здравствена состојба.