Furkan Abdula
05 Мај 2022•Ажурирај: 06 Мај 2022
СКОПЈЕ (АА) - Во изминатите 24 часа во Северна Македонија регистрирани се 139 нови случаи на коронавирусот (Ковид-19), со што вкупната бројка на евидентирани случаи од почетокот на пандемијата во земјата достигна 310.063, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Пријавено е едно починато лице од Ковид-19, со што билансот на смртни случаи во земјата достигна 9.284.
Институтот за јавно здравје регистрира 86 оздравени пациенти од Ковид-19, додека вкупната бројка на досега излекувани изнесува 300.107.
Во моментот, бројот на активни случаи со Ковид-19 изнесува 672.
Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа реализирани се 1.424 тестирањa за Ковид-19, а досега во земјата се направени вкупно 2.026.507 тестирања.