Husamedin Gina
22 Декември 2021•Ажурирај: 23 Декември 2021
СКОПЈЕ (АА) - Во изминатото деноноќие во Република Северна Македонија регистрирани се 320 нови случаи на коронавирусот, Ковид-19, со што вкупната бројка на евидентирани случаи од почетокот на епидемијата во земјата достигна 222.064, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Во истиот период пријавени се 8 починати лица од Ковид-19. Дополнително, согласно Регистарот на починати лица со дијагноза Ковид-19 пријавени се 7 лица, починати во периодот од 14-19.12.2021 година. Билансот на смртни случаи од вирусот достигна 7.853.
Институтот за јавно здравје регистрира 214 оздравени пациенти од Ковид-19, додека вкупната бројка на досега излекувани изнесува 208.938.
Во моментот, бројот на активни случаи со Ковид-19 изнесува 5.273.
Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се реализирани 3.366 тестирањa за Ковид-19, а досега во земјата се направени вкупно 1.558.639 тестирања.