Furkan Abdula
17 Декември 2021•Ажурирај: 18 Декември 2021
СКОПЈЕ (АА) - Во изминатото деноноќие во Република Северна Македонија регистрирани се 327 нови случаи на коронавирусот, Ковид-19, со што вкупната бројка на евидентирани случаи од почетокот на епидемијата во земјата достигна 220.794, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Во истиот период пријавени се 12 починати лица од Ковид-19. Дополнително, согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза Ковид-19 од Мој Термин, пријавени се дополнително 4 лица, починати во период од 27.11 до 15.12.2021 година. Билансот на смртни случаи од вирусот достигна 7.794.
Институтот за јавно здравје регистрира 325 оздравени пациенти од Ковид-19, додека вкупната бројка на досега излекувани изнесува 207.563.
Во моментот, бројот на активни случаи со Ковид-19 изнесува 5.437.
Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се реализирани 2.740 тестирањa за Ковид-19, а досега во земјата се направени вкупно 1.515.236 тестирања.