Ekipa
19 Декември 2021•Ажурирај: 20 Декември 2021
СКОПЈЕ (АА) - Во изминатото деноноќие во Република Северна Македонија регистрирани се 190 нови случаи на коронавирусот, Ковид-19, со што вкупната бројка на евидентирани случаи од почетокот на епидемијата во земјата достигна 221.285, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Во истиот период пријавени се 14 починати лица од Ковид-19, а билансот на смртни случаи во земјата достигна 7.815.
Институтот за јавно здравје регистрира 193 оздравени пациенти од Ковид-19, додека вкупната бројка на досега излекувани изнесува 207.948.
Во моментот, бројот на активни случаи со Ковид-19 изнесува 5.522.
Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се реализирани 2.592 тестирањa за Ковид-19, а досега во земјата се направени вкупно 1.521.642 тестирања.