Admir Fazlagic
11 Декември 2020•Ажурирај: 12 Декември 2020
СКОПЈЕ
Во Република Северна Македонија во последните 24 часа се починати 26 лица од последиците на заразувањето со коронавирусот (Ковид-19), со што вкупната бројка на смртните случаи предизвикани од овој вирус во земјата се искачи на 2.077, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се регистрирани 1.161 нови случаи на Ковид-19, со што вкупната бројка на регистрирани случаи со овој вирус се искачи на 72.044.
Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 806 оздравени пациенти од Ковид-19, а вкупната бројка на оздравени лица од овој вирус во земјата се искачи на 48.170.
Бројката на активни случаи на Ковид-19 во земјата изнесува 21.797.
Досега во земјата се направени вкупно 360.216 тестирања на Ковид-19, од кои 3.114 во последните 24 часа.